Пожар во комуналното претпријатие во Кочани, запалени 4 возила за собирање смет

Во пожар што избувна вечерва во стопанскиот двор на комуналното претпријатие „Водовод” во Кочани оштетени се четири возила за собирање отпад и за други намени.

Огнот бил забележан од дежурните работници во претпријатието по што веднаш била повикани екипи на Територијалната противпожарна единица кои успеале за краток период да го локализираат и да го стават под контрола. Сепак, според првичните согледувања направена е сериозна материјална штета, а едно возило е скоро целосно изгорено.

Увид на местот на настанот прави екипа од МВР и судија на претходна постапка за да се утврдат причините за пожарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот