Пожар во градот под Исар: Гори куќа во центарот на Штип

Фото: mia.mk

Гори стара куќа во централното градско подрачје на Штип во близина на Трговскиот центар и хотелот „Гарни”, позната како Старо забавиште. Станарите кои живеат од куќата навреме ја напуштиле откако ги виделе огнените јазици од една од собите во приземјето.

Командирот на ППЕ, Тони Атанасов вели дека од девет часот пожарникари со три противпожарни возила го гаснат огнот во старата куќа која што е изградена од кал и греди и затоа има можност во секој момент повторно да се разгори огнот.

– До пред половина час го санирале огнот, но во моментов повторно е разгорен, вели Атанасов токму поради тоа што тлеат гредите.

Во куќата, според првични информации, живееле околу десетина семејства, сместени преку ЈП за станбен и деловен простор, но има и семејства кои на диво се населиле во неа.

Според Атанасов и според исказите на очевидци, пожарот почнал од соба во приземјето, по што се проширил огнот кон останатите делови на куќата. Ова не е првпат оваа куќа да гори. Пред неколку години беше запалена кровната реконструкција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот