Пожар во гаража позади судот во Струмица

Пожарникари / Фото: Архива

Во гаража позади Основниот суд во Струмица избувна пожар при што се слушаат силни пукотници и се издига голем чад. На местото на пожарот се две противпожарни возила и десет пожарникари на ТППЕ Струмица кои се обидуваат да го изгаснат пожарот.

Според Александар Гудев командир на струмичките пожарникари, станува збор за гаража позади судската зграда во Струмица во која најверојатно е сместен одземен пиротехнички материјал.

Гудев додава дека нема опасност од проширување на пожарот и засега најголем проблем при гаснењето се петардите поради што се слуша пукање.

– Нема опасност од проширување на пожарот, потенцира уште еднаш командирот на струмичката ТППЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот