Пожар во атарот на каменичкото село Цера

Противпожарно возило / Фото: МИА

Во атарот на каменичкото село Цера попладнево избувна пожар. Како што информираат од Територијалната противпожарна единица од оваа општина дојавата за пожар е регистрирана околу 18 часот, по што нивна екипа се упатила кон атарот на ова село.

– Во моментот се утврдува точната локација, по што ќе знаеме и повеќе детали за видот и обемот на пожарот, информираа од ТППЕ од Македонска Каменица

Случајот го пријавиле жители на село Косевица, според кои најверојатно станува збор за пожар од поголем обем.

Ова е прва интервенција на Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица во новата 2022 година.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот