Пожар се шири накај валандовското село Марвинци

Фото: ЦУК

Пожар избувнал попладнево во близина на валандовското село Марвинци, иформираат од Центарот за управување со кризи.

Како што велат оттаму, гори сува трева а на терен се излезени 3 противпожарни возила и 8 пожарникари и на помош се повикани од ТППЕ Гевгелија со 1 ПП возило и 3 пожарникари.

Постои опасност пожарот да се прошири накај селото, а во близина на пожарот има штали.

Во моментот има уште еден активен пожар на територија на општина Валандово во село Чалаклија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот