Пожар од корпа за отпадоци зафатил помошен објект и автомобил во Струмица

Пожарникари Струмица/Фото: МИА

Пожар од корпа за отпадоци во дворно место на А.М. (57) на улицата „Цветан Димов” во Струмица синоќа зафатил помошен објект и преден дел од автомобил „форд фокус”.

Според полицијата, пожарот бил пријавен во 21:20 часот, а веднаш по пријавувањето интервенирала ТППЕ Струмица по што пожарот бил изгаснат.

Според информациите од струмичките пожарникари, со навремената интервенција е спречено пожарот да се прошири и да направи поголема материјална штета.

Увид на местото на пожарот извршила екипа на СВР Струмица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот