Пожар над скопското село Мирковци, ЦУК побара армиски хеликоптер да се вклучи во гаснењето

Противпожарно возило / Фото: МИА

Голем пожар на отворен простор е пријавен над селото Мирковци на патот за селото Бродец, место викано Рамно во Општина Чучер Сандево.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека веднаш на терен излезени се екипите на БППЗ на Град Скопје.

„Поради комлексноста на состојбата и поради тоа што пожарот од едната страна е проширен кон високата дабова и букова шума од ридот, екипите се соочија со потешкотии при гаснењето на пожарот, при што беше неопходна поддршка од воздух.  Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов преку секторот за операции и координација во ЦУК веднаш покрена постапка за подигање на армиски хеликоптер. На просторот каде што избувна пожарот се наоѓаат и воени армиски објекти, кои со поддршка на припадниците на АРСМ успешно се локализирани“, информира ЦУК.

Во моментов се очекуваат првите налети и дејствување од воздух. Согласно процедурите на ЦУК, искоординирани се и МВР, ДЗС и Шумско стопанство Караџица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот