Пожар на стадионот во Андора, неизвесен е натпреварот против Англија

Пожарникарите брзо го ставија пожарот под контрола/принтскрин/твитер

Денеска го зафати пожар стаидонот на кој фудбалската репрезентација на Андора која утре треба да игра против Англија. Сега одигрувањето на натпреварот е под знак прашалник.

На Националниот стадион во Андора изби пожар покрај телевизиската кабина, веднаш до блокјот станбени згради кои се наоѓаат во склоп на самиот стадион.

Пожарникарите реагираа брзо и за само неколку минути го ставија пожарот под контрола, но засега нема потврда за причината за избивање на истиот.

Сè уште се чека потврда дали утре ќе се одигра натпреварот помеѓу Андора и Англија бидејќи теренот на стадионот е со вештачка трева и ќе биде потребно подолго време за да се поправи.

Видео на денот