Пожар на плажа во италијанско одмаралиште, пливачите го барале спасот во морето (ВИДЕО)

Фото: EPA/ORIETTA SCARDINO

Во италијанското одмаралиште Плаја ди Катанија избил огромен пожар, поради што пливачите кои се наоѓале на плажата побарале спас во морето.

Како што информираат италијанските медиуми, една од плажите била целосно уништена, додека неколку други се загрозени.

Пожарникарите ги предупредиле луѓето да останат до брегот, а им било кажано да не се обидуваат да се вратат дома и да не се задржуваат на улиците за пожарникарите да можат да поминуваат.

Според информациите, гаснењето на пожарот било отежнато и од ветерот, а луѓето од морето се спасувале во чамци и хеликоптери.

Помеѓу нив имало и околу 40 деца. Неколку лица и еден пожарникар биле хоспитализирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот