Пожар на грчкиот остров Евија, на терен 82 пожарникари, авиони, хеликоптери

Голем шумски пожар изби претпладнево во јужниот дел на грчкиот остров Евија, а силниот ветер го отежнува гаснењето, јави дописничката на МИА од Атина.

Според локалните медиуми, засега, населените места не се во директна опасност од пожарот, но жителите на едно село биле известени да бидат подготвени за евакуација, доколку е потребно.

Од Противпожарната служба на Грција речиси двојно ги зголемија силите со кои се справуваат со огнените јазици и интервенираат вкупно 82 пожарникари со 28 возила, три пешадиски тима, четири авиони и пет хеликоптери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот