Пожар на дива депонија причина за појава на голем црн чад во Тетово

Пожар /Депонија во Тетово/Фото: МИА

Пожар на дива депонија над тетовската населба Дреновец во раните попладневни часови денеска беше причина за појава на голем црн чад, што ги вознемири жителите на градот.

Од Тетовската територијална противпожарна единица информираат дека пожарот е на дива депонија, каде гореле гуми и сличен вид отпадоци од кои се создал црниот и густ чад.

-Пожарот на дива депонија над Дреновец на пат за село Ѓермо беше пријавен после пладне во 13 часот. Огнот беше локализиран во 14 часот и 30 минути. Појавата на голем црн чад беше поради тоа што гореа фрлени стари гуми од возила и друг вид отпад, изјави Ука Алити, командант на тетовските пожарникари.

Интервенирале тројца пожарникари со едно специјално возило камион со цистерна.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот