Пожар на Детската клиника во Скопје, нема повредени

Вечерва изби пожар на одделението за хематолошки болести при Клиниката за детски болести во Скопје, информираат од Клиниката.

Оттаму соопштуваат дека пожарот избил на првиот кат од тераса, како и тоа дека пожарот е локализиран, а материјална штета и повредени нема.

„Противпожарната екипа веднаш интервенираше и го локализираше пожарот. Не е предизвикана никаква материјална штета. Со оглед на тоа што одделението се реновира и нема хоспитализирани деца, нема ниту повредени пациенти. Останатите деца кои во моментов се хоспитализирани на Клиниката по другите оддели се во добра состојба. Причините на пожарот ќе ги утврдат надлежните институции“, се наведува во соопштението на ЈЗУ Клиника за детски болести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот