Пожар на депонијата Вардариште, густ црн чад над Скопје

Пожар на депонијата Вардариште/Фото: Фејсбук

Екипа на БППЗ на Град Скопје со едно противпожарно возило и тројца пожарникари од околу 13:30 часот гаснат пожар на отворен простор на локација кај поранешната депонија Вардариште, објави Центарот за управување со кризи.

Интервенцијата е во тек и моментално горат стари автомобилски гуми и поради тоа има густ црн чад.

Надежите се дека пожарот набрзо ќе биде локализиран.

Видео на денот