Пожар крај пругата кај Богомила, стопиран е патничкиот воз Скопје–Велес–Битола

Пожар/ фото МИА

Откога возот на релација Богомила-Велес поминал кај стојалиштето Ореше, попладнево во 15 часот избувна пожар на четири места покрај пругата на теренот околу станицата.

Во пожарот гори сува трева, но има опасност по околната шума. Како што информираат за МИА од ТППЕ Велес, веднаш на терен во гаснење се вклучиле шест пожарникари со две возила со вода за гаснење.

Тие прават огромни напори пожарот да се изгасне за да не се прошири на околната шума.

Пожарот за МИА го потврдија одговорните и од Железничката станица во Велес, а за тоа дали е настанат поради искрење на тркалата врз шините, велат дека ќе покаже истрагата.

Поради пожарот привремено за 40-тина минути е запрен железничкиот сообраќај на овој дел од пругата, односно стопиран е патничкиот воз Скопје – Велес – Битола, кој на овој опожарен дел според возниот ред поминува нешто по 16 часот.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот