Пожар кај железничката станица во кумановското село Черкези

Пожар околу 17 часот попладнево избувна во близина на железничкиот премин во село Черкези кај Куманово.

Повеќе противпожарни екипи од кумановската противпожарна единица се на терен и се обидуваат да го локализираат.

Спред првичните податоци од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово горат прагови за железничка пруга.

Густиот црн чад веќе еден час се забележува од повисоките места во Куманово

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот