Пожар кај неготинската депонија, од Комуналец се сомневаат дека е подметнат пред избори

Фото: МИА

Пожар избувна попладнево кај неготинската депонија, реагираа од еколошкото здружение ,,Ековита”. Оттаму нагласија за МИА дека иако ветуваат пред сите избори, политичките партии недоволно водат грижа за животната средина.

Директорката на ,,Комуналец”, Марина Бојаџиева, за МИА рече оти се сомневаат дека пожарот е подметнат како и минатиот пат, сега особено поради тоа што е период пред избори.

– Проблемот настана пред околу два часа. На лице место интервенираа наша екипа и екипа од противпожарната единица. Успеавме за брзо време да се справиме со огнот кој всушност избувна отстрана од депонијата, гореше нискостеблеста вегетација и само дел од старата депонија која не се користи. Не дозволивме огнот да ја зафати целата депонија – појасни Бојаџиева.

Таа апелираше несовесните поединци да не се служат со нечесни работи, затоа што при секоја ваква интервенција на терен, се трошат материјални и човечки ресурси. Рече дека совесноста и оди во прилог на целата заедница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот