Поздраво срце и подобрена циркулација: Практикувајте да спиете на оваа страна од телото за добро здравје

Pixabay
Фото: Pixabay

Едвај чекате да се испружите на кревет, па не ни помислувате дали е важно на која страна ќе спиете. Меѓутоа, дали спиеме левата или десната страна на телото и како тоа влијае на нашето здравје, пред се на срцето, органите за варење, ослободување на токсини.

Научниците тврдат дека е многу подобро да спиеме на левата страна на телото поради анатомијата и положбата на нашите внатрешни органи, пишува сајтот Purple.com. Природната позиција за нашиот стомак е на левата страна, бидејќи ќе го олесни варењето на храната од претходниот ден. Во спротивно, стомакот ќе биде во неприродна положба, што не се препорачува. Значи, ако спиете на десната страна, а сте јаделе нешто навечер, тоа нема добро да се свари, што потоа може да предизвика металоиди. Од друга страна, ако спиете на левата страна, крвта ќе тече низ телото правилно и ова ќе има корисен ефект и на дигестивниот тракт.


Исто така, ако спиеме на левата страна, нашиот лимфен систем ќе работи подобро, и полесно ќе се ослободиме од сите штетни материи од мозокот, велат на страницата Lifehack.com. Покрај тоа, лекарите на бремените жени им препорачуваат на левата страна бидејќи е добро за срцето, а притоа и ја подобрува циркулацијата. Притоа, идните мајки ќе имаат помалку болки во грбот, матката ќе изврши помал притисок врз црниот дроб, а крвта ќе тече подобро и кон фетусот и до бубрезите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PAOLA TURANI (@paolaturani)

И бидејќи нашиот црн дроб е на десната страна, ако се ослободи од притисокот во текот на ноќта, нема да биде оптоварен со токсини, што е исклучително важно.

Јасно е дека ништо страшно нема да се случи ако понекогаш спиете на десната страна, но спиењето на левата страна е подобар избор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот