Повторно земјотрес во Хрватска: Потресот бил регистриран на 16 километри од Сињ

Во Хрватска денеска беше забележан послаб потрес со епицентар на 16 километри од Сињ.

Сеизмолошката служба на Хрватска го забележа потресот во 16.22 часот.

Како што денеска објави агенцијата Хина, земјотресот бил почуствуван во пошироката околина на Сињ и Сплит, се до Риека одалечена на околу 240 километри од епицентарот.

Магнитудата на потресот изнесувала 2,5 степени по Рихтер, а интензитетот на епицентарот бил на трети степен од ЕМС скалата, објавила Сеизмолошката служба.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот