Повторно запалени три контејнери во Центар, се трага по сторителите (ФОТО)

Случајот веќе е пријавен во полиција и се очекува да бидат преземени соодветни мерки за да се пронајдат и санкционираат сторителите.

Повторно намерно запалени три новопоставени контејнера со зафатнина од 3,2 метри кубни на улица Васил Главинов во строгиот центар на градот, информираат од Испекторатот на град Скопје.

 Случајот веќе е пријавен во полиција и се очекува да бидат преземени соодветни мерки за да се пронајдат и санкционираат сторителите.

Од Инспекторат на град Скопје апелираат до граѓаните да ги чуваат и да не ги оштетуваат контејнерите бидејќи истите се набавуваат со пари од граѓаните, а со нивното оштетување се нанесува голема финансиска штета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот