Повторно траги од коронавирусот во париската канализација

Останува да се разбере феноменот, односно дали е ова знак дека со излегувањето од излоацијата, епидемијата повторно започнува, се запрашува Ана Сујрис, заменик-градоначалник задолжена за здравство во Париз.

Траги од новиот коронавирус повторно се пронајдени во отпадните води во Париз, што го поставува прашањето за  можно враќање на епидемијата, јави дописникот на МИА.

Резултатите од најновите примероци на испитувањата на отпадните води во Париз, покажуваат враќање на САРС-КoВ-2, на минимално ниво. Присуството на инфекција се зголемува и во одредени департмани во парискиот регион, но рано е да се зборува за повторна епидемија.

Од почетокот на пандемијата, следењето на отпадните води што се преработени во станиците за пречистување во Париз се следи постојано, со цел да се процени циркулацијата на САРС-КоВ-2 кај населението. Од примероците земени помеѓу 5 март и 23 април, како дел од проектот наречен „Обепин”, истражувачите навистина покажале корелација помеѓу нивото на вирус во отпадните води и бројот на случаи.

Резултатите од примероците земени од 22 до 25 јуни, покажуваат пресврт. Според информациите на париски „Ле Монд”, шест од дванаесетте анализи спроведени во овој период биле позитивни – на минимално ниво – а дополнителните тестови спроведени следната недела ги потврдија овие резултати.

Останува да се разбере феноменот, односно дали е ова знак дека со излегувањето од излоацијата, епидемијата повторно започнува, се запрашува Ана Сујрис, заменик-градоначалник задолжена за здравство во Париз. Слична е претпазливост во рамките на Регионалната здравствена агенција за Ил де Франс (АРС).

– Ние сме свесни за овие анализи, но мора да го изградиме методот за да ги искористиме. Не сакаме да тргнеме на погрешен пат – вели Орелиан Русо, директорот на агенцијата.

Од пред неколку недели со враќањето во нормален живот по изолацијата се чувствува опуштање во однесувањето на французите при почитувањето на мерките на бариера, што води до стравувањата од враќање на епидемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот