Повторно тепачка во тајванскиот парламент: Пратениците корнеа столчиња и фрлаа шишиња (ВИДЕО)
Тајван е познат по честите тепачки во парламентот, а во 2014 година стотици студенти со недели беа пред зградата во текот на протестот познат како „Движење сончоглед“.
Пратениците од главната тајванска опозициска партија повторно денеска ја зазедоа зградата на парламентот, откако претходно се истепаа со колегите од владеачката партија за да влезат во зградата.
Опозициската Кинеска националистичка партија (КМТ) повторно протестираше поради номинацијата на Чен Чу, блиска соработничка на претседателката Цај Инг за шеф на владиното надзорно тело, пренесува Ројтерс.
Опозициските пратеници се истепаа со припадниците на владеачката Демократска напредна партија на скалите од параментот, за на крајот кога влегоа во собраниската сала да ја заземат и говорницата, за да спречат одржување на седница на која требаше да биде именувањето на Чен.
Taiwan, chair and water balloon. Damn these parliament members really like to throw things ? pic.twitter.com/nZPZwLvje3
— Malissa Ali (@malissaali) July 13, 2020
Во парламентот пратениците се тепаа со столици, а летаа и шишиња со вода.
Taiwan’s main opposition party again occupied parliament on Tuesday to protest against the nomination of a close aide to the president to a top-level watchdog, after fighting with ruling party lawmakers to get into the building.#Mnews #news pic.twitter.com/z14TvzuQs4
— M.News World (@mnews_world) July 14, 2020
Тајван е познат по честите тепачки во парламентот, а во 2014 година стотици студенти со недели беа пред зградата во текот на протестот познат како „Движење сончоглед“.
Чу Чен во текот на политичката кариера помина шест години во затвор, откако како една од истакнатите дисиденти е уапсена во 1979 година во „инцидентот Каошсиунг“, познат и како „инцидент Формоза“.