Повторно ставена во функција модуларната болница во Клиничкиот центар

Амбулантно возило / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Со оглед на тоа што инфективната клиника после еден сериозно долг временски период целосно се исполни, еве денеска веќе ќе започне со работа повторно и модуларната болница. Веќе е подготвен кадарот, којшто сега повторно исто како во месец ноември работи по системот на ротација, лекари, медицински сестри од сите одделиенија повторно ја воспоставивме онаа координација и комуникација на ниво на сите клиники во Скопје, за да се обезбеди уште еден дополнителен болнички капацитет, истакна вечерва министерот за здравство Венко Филипче во интервју на МРТ.

Тој посочи дека вакцинацијата од утре ќе се префрли во Здравствениот дом во Скопје каде што ќе се користи тамошниот вакцинален пункт.

– Имаме резерви, тоа што беше активно во текот на изминатата година во смисла на дополнителни одделенија, дополнителни кревети, целосно сме подготвени ако има потреба да се сместат пациенти таму. Понатаму модуларните болници, сега се речиси сите во функција, има уште неколку кои што треба да се стават во функција на болниците, со тоа многу болници добија нови болнички капацитети. 10 000 квадрати на нови болнички капацитети се подготвени насекаде во државата, потенцираше Филиче.

Министерот информираше дека сега и во текот на викендот, заклучно со понеделник или вторник ќе согледаат дали овој раст на пациенти ќе биде тренд и ќе се зголемува и понатаму, што е, како што рече, едното сценарио и еден дел од епидемиолизите сметаат дека ќе се случи или завземе едно плато, затоа останува да видиме.

– Сѐ уште има дилема затоа што ударот во болниците не е таков каков што беше лани, меѓутоа сме подготвени да интервенираме доколку треба и со дополнителни мерки, односно рестрикции таму каде што сметаме дека треба да се имплементираат, заклучи Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот