Фановите се загрижени: По нервниот слом во ресторан, Бритни Спирс објави ново видео

бритни спирс
Бритни Спирс / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Пејачката Бритни Спирс доживеала нервен слом за време на вечера во ресторан во Лос Анџелес во петокот, поради што нејзиниот сопруг Сем Асгари го напуштил ресторанот, пишува „Ти-ем-зи“.

Гостите кои биле присутни во ресторанот велат дека Бритни Спирс почнала да се однесува „манијакално“ и дека „изговарала бесмислици“. Дополнително, многу ја вознемирило тоа што гостите во ресторанот почнале да ја снимаат без нејзина дозвола. На видеоснимката, која ја објави „Ти-ем-зи“, може да се забележи дека Спирс се обидува да си го покрие лицето со мени.

Откако во петокот вечерта доживеа нервен слом во ресторан во Лос Анџелес, пејачката објави видео кое поттикна уште повеќе грижи за нејзината психичка состојба. Mора да се напомене дека Бритни Спирс 13 години беше под старателство на нејзиниот татко Џејми Спирс. Пејачката во објава на социјалните мрежи, која подоцна беше избришана истакна дека нејзиниот долгогодишен тим за обезбедување не ѝ дозволувал да излезе од дома и дека немала никаква приватност додека се пресоблекувала во својот дом. Но тоа е само дел од голготата низ која поминувала изминитатите години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Channel 8 (@britneyspears)


Спирс вчера на својот инстаграм – профил објави фотографија од скулптура и илустрација. Таа потоа објави видео на кое позира и танцува на песната „I Touch Myself“ додека го покажува средниот прст.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Channel 8 (@britneyspears)


„Најлошото е што сопственото семејство ме затвори во тоа место четири месеци“, напиша неодамна таа и додаде дека нагло ѝ ја прекинале терапијата со лековите што вообичаено ги земала, а потоа ја дрогирале со литиум.

ФОТО | Бритни ја навреди Кристина Агилера: Пејачката ја отследи Спирс од Инстаграм

ВИДЕО | Конечно слободна! Целосно укинато старателството на Бритни Спирс

Бритни Спирс за документарните филмови за нејзиниот живот: Ме посрамотија, а ми велеа дека ми помагаат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот