Повторно се враќа трендот кој направи „хаос“ во модниот свет и ги подели мислењата! (ФОТО)

Instagram

Кога се појавија на модната сцена предизвикаа поделени мислења и лавина од коментари. Додека некои жени ги обожаваа, други ги сметаа како одраз за лош стил.

Мистериозно исчезнаа, а оваа сезона се враќаат на големата врата на модната сцена и изгледа дека ќе бидат еден од водечките трендови. Дизајнерите велат дека тие не се за секоја жена и доколку не се искомбинираат на правилен начин можат да го уништат цел аутфит.

Станува збор за чевлите со висока платформа! Додека за време на претходните сезони главно беа популарни сандала-платформите и чевли-платформа, оваа година може да се очекуваат разни варијанти: од сандали, папучи, до патики и кондури со платформа, како и комбинација на високи штикли и платформа.

Исто така, тоа што ќе биде посебно популарно е дека отворените летни чевли со платформа ќе се комбинираат со чорапи, за што модните вкусови се повторно поделени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот