Повторно се пука во Нагорно – Карабах, Азербејџан го крши примирјето со Ерменија

Ерменското министерство за одбрана јавува за нови борбени дејства во Нагорно – Карабах, покренати од азербејџанската војска.

-Азербејџанските вооружени сили на 12. декември ги обновија борбените дејства во правец на населбата Хин Таге и Хаберд, се наведува во соопштението од ерменското министерство, кое го пренесува Агенцијата ТАСС.

Се додава дека војската на Нагорно – Карабах, во врска со тоа ги презела сите неопходни чекори, а засега не е познато дали има настрадани во обновените борбени дејства.

По повод овие наводи не се огласи азербејџанската страна.

Инаку, во овие две места во Нагорно-Карабах се енклави и единствено не се под контрола на азербејџанската војска.

Двете земји, Ерменија и Азербејџан на 10. ноември потпишаа примирје со посредство на Русија со кое целосно се запрени сите борбени дејства.

Согласно мировниот договор кој е потпишан во Москва, двете страни се обврзаа дека освен прекин на огнот ќе спроведат и размена на заробеници, а примирјето го одржуваат руски мировни сили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот