Повторно се игра тенис, мајсторија на Дастин Браун во Германија! (ВИДЕО)

фото: твитер

Сетовите се скратени на четири освоени гема, со „тај-брејк“, доколку резултатот во сетот е 3:3. Наградниот фонд на турнирот е 25.000 илјади американски долари.

Егзибицискиот тениски турнир во германскиот град Хер-Гренцхаузен се игра според посебни правила.

Овој турнир започна во петокот, прво натпреварување на тениски професионалци од почетокот на март, од кога тениската сезона е во прекин во сите категории поради пандемијата на коронавирус.

На мечевите нема собирачи на топки, а на теренот се наоѓаат само играчите и судијата на стол.

Помеѓу професионалците кои се пријавија се Јаник Ханфман и Дастин Браун. Во нивниот дуел, одигран во саботата, триумфираше Ханфман, 143. на АТП листата, со 4:3 (7:4), 4:0.

Сетовите се скратени на четири освоени гема, со „тај-брејк“, доколку резултатот во сетот е 3:3. Наградниот фонд на турнирот е 25.000 илјади американски долари.

Германската тениска федерација (ДТБ) планира од јуни да организира серија на слични турнири на кои би учествувале по 32 тенисери и 24 тенисерки, пренесува агенцијата „Хина“.

Меѓународната тениска федерација (ИТФ) во саботата објави упатства за санитарни мерки во текот на турнирите, кога тоа повторно биде можно, спрема кои секој од тенисерите имаат свои топчиња за сервис, а собирачите на топчињата ќе носат маски и ракавици латекс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот