Повторно се болни адвокатите на Јанева, Стефанова нема среќа да сведочи

Ако и во понеделник не се појави адвокат, судечкиот судија најави дека за Јанева ќе побара адвокат по службена должност.

Денеска во Основниот кривичен суд во Скопје требаше да продолжи судењето за случајот „Рекет“. На ред како сведок во овој предмет е повикана обвинителката Лиле Стефанова која го води случајот „Империја“. Минатото рочиште се одложи поради отсуство на бранителите на Катица Јанева, адвокатите Дељо Кадиев и Ирена Фрчковска.

Двајцата адвокати и денеска поради болест не дојдоа на суд. На прашање на судот дали ќе ангажира друг адвокат, обвинетата Катица Јанева рече:

– Судија, јас имам адвокат. Оставам на вас да одлучите – рече Јанева.

Ако и во понеделник не се појави адвокат, судечкиот судија најави дека за Јанева ќе побара адвокат по службена должност.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и на денешното рочиште треба да сведочи поранешната специјална јавна обвинителка Лиле Стефанова, која ја води истрагата за случајот „Империја“.

Досега како сведоци исказ дадоа заменичката на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, Елизабета Јосифовска, бизнисменот Орце Камчев, неговата сопруга Ана Камчева, сметководителката во приватните фирми на Камчеви, новинарот Христијан Баневски од телевизија 1ТВ и други.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“.

Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти декември минатата година, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец призна вина, по што беше осуден на три години затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот