Повторно рекорден број на заразени во Австрија: Нови 107 случаи, најмногу од април

Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Во Австрија во изминатите 24 часа е забележан драматичен пораст на бројот на новозаразени од коронавирус, кој повторно достигна троцифрен број, за прв пат од средината на април.

Според податоците на Министерството за здравје, бројот на новозаразени се зголемил во однос на вчерашниот ден, за 107 случаи.

Најголем број на новозаразени е регистриран во покраината Горна Австрија со дури 61 случај, а на второ место е Виена со 24 случаи.

Од почетокот на епидемијата на коронавирусот во Австрија позитивно се тестирани 17.778 лица, од кои 16.491 се излечени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот