Повторно раст на новозаболени од Ковид-19

EPA EFE
epa08385554 Anais, a doctor working in the COVID-19 unit, performs a stethoscopic auscultation on a patient potentially infected with the SARS-CoV-2 coronavirus at the Etterbeek-Ixelles site of the Iris Sud Hospitals in Brussels, Belgium, 26 April 2020. EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Од 37-те новозаболени од Ковид-19, 12 се во Скопје и тоа пет во општината Гази Баба, по два во Бутел и Чаир, и по еден во Сарај, Карпош 1 и Аеродром.

Бројот на новозаболени од коронавирусот во државава повторно е во пораст. Според вчерашните податоци од Институтот за јавно здравје, регистрирани се 37 нови случаи со Ковид-19, со што вкупниот број дијагностицирани од почетокот на епидемијата, досега, достигна 1.978, бројката на починати е 113, оздравени пациенти се 1.422, а има и 443 активни случаи.

Од 37-те новозаболени од Ковид-19, 12 се во Скопје и тоа пет во општината Гази Баба, по два во Бутел и Чаир, и по еден во Сарај, Карпош 1 и Аеродром.

Најголем број дијагностицирани досега има во Скопје – 713, а активни се 199 случаи, потоа следат Куманово со 433 заболени и 34 активни случаи, Прилеп со 210 заболени и 48 активни случаи, Тетово со 172 заболени и 77 активни случаи, Велес со 127 заболени и 43 активни случаи…

Во земјата се направени вкупно 25.270 тестирања на Ковид -19. Двајца позитивни на Ковид-19 се откриени во рамки на скринингот на вработените во градинките, а вчера е регистриран и еден позитивен случај во Геронтолошка установа во Скопје. Досега со скринингот направени се 2.248 тестирања на Ковид-19.

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека скринингот во градинките завршува оваа недела и најави дека детските установи ќе почнат со работа кон почетокот на јуни.

Бројот на хоспитализирани со Ковид-19 не се намалува. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се хоспитализирани 58 пациенти од кои на кислородна поддршка се 24, а на механичка вентилација се двајца пациенти. Во ГОБ „8 Септември” се хоспитализирани 18 пациенти од кои на респиратор се пет пациенти, a со потешка клиничка слика се уште четворица пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани тројца пациенти, еден пациент во тешка состојба е пратен на Инфективната клиника во Скопје, а на домашно лекување се следат уште четворица пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани пет пациенти и нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 42 пациенти, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Рестриктивните мерки почнаа да се олабавуваат, работат моловите (секој ден освен во недела, со работно време од 10 до 18 часот, но се уште не е дозволено примање гости во рестораните и кафулињата освен преку систем на нарачка или достава), обложувалниците, автошколите, стоматолошките ординации… Се очекува да биде донесен план за отворање на угостителските објекти, но тоа ќе зависи од епидемиолошката состојбата и почитувањето на мерките.

Коронавирусот нема да исчезне, посочуваат здравствените стручњаци и надлежните. Поради тоа граѓаните и натаму треба да ги почитуваат препораките за заштита од коронавирусот и да не се групираат, задолжително да носат заштитна опрема (маска, марама) со која ќе им бидат покриени устата и носот, редовно да ги мијат рацете или да ги дезинфицираат и да држат дистанца од два метра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот