Повторно протести во Хонг Конг

Демонстрантите во Хонг Конг повторно се собираат на улиците во градот, а полицијата ги претресува сите кои пристигнуваат.

Повеќе од 3.000 демонстранти, од кои поголем број облечени во црно и со маски за лице чие носење е забрането во Хонг Конг, се собираат во паркот Викторија.

Ова е 22 последователен протестен викенд, а специјалната полиција е стационирана во споредните улици околу главната деловна област, каде што треба да се соберат демонстрантите во попладневните часови.

Денешниот собир нема официјална полициска дозвола, но тоа не ги спречува луѓето да се придружат, како и претходно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот