Повторно промени: Одредени термините за заостанатите мечеви во Серија А!

фото: твитер

Организаторите на натпреварувањето одлучија натпреварите воопшто да не се играат во сабота, односно пет мечеви ќе има в недела, а еден во понеделник.

Продолжуваат проблемите поради епидемијата на коронавирусот, одредени се новите термини за заостанатите мечеви од 26. коло кои ќе се играат во претстојниот викенд.

Организаторите на натпреварувањето денеска одлучија натпреварите воопшто да не се играат во сабота, односно пет мечеви ќе има в недела, а еден во понеделник.

Програмата ќе започне од 12.30 часот на стадионот „Тардини“ со дуелот Парма-СПАЛ, од 15.00 часот Милан-Џенова и Сампдорија-Џенова на Горан Пандев, додека од 18.00 часот Удинезе на Илија Несторовски против Фиорентина.

Дербито на колото, а можеби и на сезоната се игра на „Алијанц“ стадионот од 20.45 часот, а силите ќе ги одмерат Јувентус-Интер.

Колото ќе биде затворено во понеделник на стадионот „Мапеи“ помеѓу екипите на Сасуоло и Бреша.

В среда на 18. март ќе се играат заостанатите дуели од 25. коло од Серија А, од 18.30 часот ќе играат Аталанта-Сасуоло, Верона-Каљари, Торино-Парма.

Потсетување дека италијанските власти донесоа одлука спортските настани до 3. април ќе се одржуваат зад затворени врати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот