Повторно проблеми кај противниците на Вардар во ЛШ, во Пик Сегед нов седми играч позитивен на коронавирус

Фото: rkvardar.mk

Во унгарскиот тим веќе има седум ракометари кои се позитивни на коронавирус.

Ракометарите на Вардар откако минатата недела не го одиграа натпреварот од Лигата на шампионите поради случаи на коронавирусо во Елверум, можно е и неделава да не играат во елитното натпреварување.

Причина за тоа е новиот случај на позитивен ракометар на ковид-19 во Пик Сегед, наредниот противник на „црвнео-црните“, со што бројката на вкупно заразени играчи во унгарскиот тим се зголеми на седум.

Од Пик Сегед за овој последен случај веднаш ги информираа ЕХФ, претходниот противник Киелце како и наредниот Вардар бидејќи тимот се наоѓа во изолација, а билетите за натпреварот се повлечени од продажба.

ЕХФ треба да донесе одлука дали Вардар во четврток ќе игра против Пик Сегед или и овој наптревар ќе го одложи како што го стори тој од минатата недела по позитивните случаи во Елверум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот