Повторно поскапува дизелот, а бензините со исти цени – Слободен печат
ВестиЕкономија

Повторно поскапува дизелот, а бензините со исти цени

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,95 отсто.

Од ноќеска на полноќ цената на дизел горивото поскапува за половина денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во
просек за 0,95 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 61, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 51 денар за литар. Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе продолжи да се продава за 66,5, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 68,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,924 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 32,574 денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close