Повторно почна да сообраќа автриска АУА

Во текот на овој месец, АУА ќе ги обнови летовите на повеќе од 30 европски дестинации, а прекуокеанските летови се планирани од 1 јули.

По принудната пауза поради коронавирусот, австриската национална авиокомпанија АУА, пповторно почна да лета.

Првиот редовен лет, по тримесечна пауза, беше рано утрово од виенскиот аеродром швехат до Минхен.

Пилотите на првиот лет Евалд Ројтнер и Рудолф Бахштајнер, во име на 7.000 вработени, порачаа дека се „подготвени да летаат”.

Во текот на овој месец, АУА ќе ги обнови летовите на повеќе од 30 европски дестинации, а прекуокеанските летови се планирани од 1 јули.

Последниот редовен закажан лет на АУА, пред кризата со коронавирусот, беше на 19 март, кога авион од Чикаго се врати на аеродромот во Виена.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот