Фото: Принтскрин/Јутјуб

Повторно одложени номинациите за Оскар поради пожарите во Лос Анџелес, времето за гласање е продолжено

Академијата за филмски уметности и науки по вторпат го одложи објавувањето на овогодинашните номинации за Оскар поради тековните пожари во Лос Анџелес.

Номинациите за најважните награди во филмската индустрија ќе бидат објавени на 23 јануари. Тие првично беа закажани за овој петок (17-ти јануари), но потоа беа преместени на 19-ти јануари.

„Поради сè уште активните шумски пожари во областа на Лос Анџелес, сметаме дека е неопходно да го продолжиме периодот на гласање и да го придвижиме датумот на објавувањето на нашите номинации за да овозможиме дополнително време за нашите членови“, изјавија извршниот директор на Академијата Бил Крамер и Џенет Јанг, претседателот на Академијата.

Академијата, исто така, го откажа годишниот ручек на номинираните за Оскар, кој беше закажан за 10 февруари. Оскарите сè уште се закажани за 3 март.

Според „Холивуд репортер“, најмалку четворица членови на одборот на Академијата и поранешен извршен директор ги загубиле своите домови во пожарите. Тие, исто така, забележаа дека приближно 60 проценти од околу 10.000 членови на Академијата живеат во областа на ЛА.

За разлика од Оскарите, организаторите на Греми најавија дека настанот ќе се одржи според планираното, на 3-ти февруари.

„Овогодинашните награди, сепак, ќе имаат обновено чувство за цел: собирање дополнителни средства за поддршка на напорите за ублажување на пожарите и почитување на храброста и посветеноста на оние кои се борат и ги ризикуваат своите животи за да ги заштитат нашите“, велат организаторите.

Одложено објавувањето на номинациите за Оскар поради разорните пожари во Лос Анџелес

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот