Повторно облачно и врнежливо време

Времето денеска ќе биде поменливо облачно со сончеви периоди и со умерен, во источните делови засилен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, особено во западните делови.

Минималната температура ќе биде помеѓу 8 и 15, а максималната ќе достигне од 20 до 29 степени.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има краткотраен пороен дожд.

Температурата ќе се движи од 13 до 26 степени.

Променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од јужен правец ќе преовладува и утре. Околу пладне и попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

Преодно стабилизирање ќе има во среда, а од четврток попладне под влијание на влажен бран нестабилно со пороен дожд и грмежи ќе биде на повеќе места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот