Повторно нов случај на коронавирус во Дебар

Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, вели дека во градот се појавил еден нов случај на жител заразен со корнавирус, пренесува а1.он.

Тој најави дека сите кои ќе влегуваат во Дебар, од сега, ќе им се мери температура бидејќи стравуваат од втор бран на вирусот.

„Информирани сме, неофицијално, дека имаме еден случај на Ковид-19. Се работи за жена која била оперирана пред три години, а сега околу 10 навечер дошла во Општата болница Дебар, веднаш е третирана со адекватна терапија, изолирана и испратена на Клиниката за анестезиологија и реанимација каде и е земен брис за Ковид-19 и увидено е дека таа е позитивна. Овој пациент имал со контакт со домашните, но имал и посети дома, како и контакти со медицинскиот персонал кој се затекнал со дежурство вчеравечер. Дебар веќе не е зелена зона, туку има еден случај, што се очекуваше“, рече градоначалникот.

Тој истакна дека епидемиолог ги утврдува контактите, по што сите кои имале контакт со пациентката ќе бидат ставени во изолација, вклучително и медицинарите од болницата во Дебар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот