Повторно на теренот: Млада кошаркарка посилна од леукемијата

фото: инстаграм

Една од најубавите кошаркарски, спортски приказни оваа година доаѓа од Унгарија. Унгарската кошаркарка Ливија Геребен повторно е на паркетот.

Таа ги бранеше боите на својата земја на бројни натпреварувања во јуниорските категории, вклучувајќи ја тука и 3х3 играта, но и Европското првенство за жени, а воедно забележа одлични игри за нејзиниот клуб Атомерому.

Ги запре своите настапи на почетокот на 2019 година кога дозна дека има леукемија. Кога ги доби лошите вести, таа сè уште беше тинејџерка. Во последните 12 месеци имаше неколку интензивни третмани, вклучувајќи и пресадување на коскена срж.

View this post on Instagram

I’m thankful to be here again?????

A post shared by Lívia Gereben (@gerebenlivi) on

Поради тоа сите беа воодушевени кога таа се појави на собирот на репрезентацијата пред неколку дена. Иако таа сè уште мора да се придржува кон строгите мерки што ги препорачуваат нејзините лекари, сите беа пресреќни што повторно тренира.

Се чувствувам како да дојдов дома. Бев многу возбудена што скоро и не спиев. Многу сум среќна што повторно ги гледам моите тимски колешки после скоро една година – рече Геребен.

Исто така ќе се врати на играњето на кошарка на клупско ниво, откако со екипата која ја поддржуваше во текот на лекувањето потпиша нов договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот