Повторно многу сообраќајки во Скопје, едно повредено лице

На подрачјето на Град Скопје изминатото деноноќие се случиле вкупно девет сообраќајни незгоди од кои во една полесно е повредено едно лице, а во осум е причинета материјална штета.

Сообраќајната полиција сакнционирала 17 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, а од сообраќај исклучила 23 возачи кои возеле пред да се стекнат со правото за управување на моторно возило и двајца возачи почетници. Од сообраќај се исклучени и 16 нерегистрирани возила.

СВР Скопје информира дека се издадени и 108 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак” подигнати се 69 возила.

Санкционирани се и 17 возачи за непрописно престројување, 10 возачи кои поминале на црвено светло, 23 возачи за користење на мобилен телефон додека возеле, осум возачи за неносење на сигурносен појас, како и тројца возачи кои не дале првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин.

Од СВР Скопје за денеска најавуваат дека ќе се реализираат едукативни работилници во СУГС „Сарај”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот