Повторно ќе се испитува инцидентот помеѓу Ферстапен и Хамилтон

EPA-EFE/ANDY RAIN

Светската автомобилистичка федерација (ФИА) денеска го прифати барањето на Ред Бул повторно да се преиспита одлуката околу казната на возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон по инцидентот кој се случи на трката за Големата награда на Велика Британија.

ФИА во четврток преку видео конференција ќе одржи состанок со екипите на Мерцедес и Ред Бул, во пресрет пред тркачкиот викенд за ГН на Унгарија.

На последната трка во Ф1 шампионатот која се возеше на 18 јули на патеката Силверстоун, Хамилтон во првиот круг предизвика инцидент откако со предниот пневматик го допре болидот на Макс Ферстапен по што возачот на Ред Бул со брзина од 270 километри на час излета од патеката и удри во заштитната ограда.
Верстапен по инцидентот заврши во болница, додека Хамилтон заработи казна од 10 секунди во пит стоп, но и покрај тоа успеа да победи на трката. Со победата, Хамилтон ја намали негативата во однос на Ферстапен во генералниот пласман и сега заостанува само осум бода зад возачот на Ред Бул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот