Повторно ќе се гласа за законите кои ги враќаше Иванов

Откако претходниот претседател на државата Ѓорге Иванов, одби да ги потпише неколку закони и ги врати во законодавниот дом, денеска пратениците ќе треба повторно да ги гласаат.

Се очекува овие закони откако повторно ќе бидат изгласани во Парламентот со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, да бидат објавени во Службен весник.

Новиот претседател Стево Пендаровски најави дека една од првите обврски по презмеањето на должноста ќе му биде да ги потпише законите кои неговиот претходник Иванов ги врати во Собранието.

На повторно, трето гласање, пред пратениците денеска се законите за Судскиот совет на Република Северна Македонија, за слободен пристап до информации од јавен карактер, за инспекциски надзор, за ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за кинематографска копродукција, за изменување и дополнување на Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати, за изменување и дополнување на Законот за Црвениот крст, Законот за прекинување на бременоста и Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот