Повторно хаос во Хонг Конг: Демонстранти кршеле прозори, полицијата употребила солзавец (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/Jerome favr

Полицијата во Хонг Конг користела палки и солзавец за да ги растера демонстрантите да заземат делови од градот,  пред годишнината од предавањето на поранешната британска колонија на Кина.

Демонстрантите планираа да ја попречат годишната церемонија со подигнување на знаме, на која денеска присуствуваа високи претставници од Хонг Конг и Кина.

Неколку стотици претежно млади, маскирани, беа во првите редови на овој настан, што се смета за најголема ескалација од 12 јуни, кога 5.000 полицајци пукаа со гумени куршуми во текот на судирот.

Демонстрантите користеле метална количка за да пробијат низ прозорецот влез во зградата на законодавниот дом.

Во пресметката на полицијата со демонстранти има повредени.

Денеска е 22-годишнината од предавањето на Хонг Конг на Кина, а демонстрантите најавиа масовни собири за доцна попладнето.

Протестите се одржуваат на секоја годишнина од враќањето на Хонг Конг под власта на Кина, но оваа година со поголем број демонстранти поради незадоволство на граѓаните од владиниот предлог-закон, со кој овозможува екстрадиција на осомничени на Пекинг.

Во текот на претходните два протести, според проценката на организаторите, учествуваа повеќе од милион луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот