ПОВТОРНО ХАОС ВО БАРСЕЛОНА: Судир меѓу студентите и полицијата (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Во центарот на Каталонија десетици илјади поддржувачи на независноста на Каталонија протестираат против пресудите на нивните водачи, барајќи отцепување од Шпанија.

Главниот собир, на којшто има најголем број демонстранти, поминува мирно со бројни знамиња што ја симболизираат независноста и транспаренти за „слобода на политичките затвореници“.

Во друг дел од градот, илјадници студенти и ученици кои стапија во тридневен штрајк, се обидуваат да стигнат до зградата на шпанската национална полиција, чувана од полицијата за интервенции. Во судир меѓу студентите и полицијата три лица се повредени, од кои двајца малолетници и еден полицаец. Студентите со маскирани лица фрлаат со камења и шишиња, по што се повлекуваат кога ќе започне полициската интервенција.

„Антифашистичка Барселона“ и „Улиците секогаш ќе бидат наши“, викаат тие. Тие фрлија димна кутија и повеќе петарди, по што запалија контејнери, поставувајќи барикади.

Генерален штрајк започна денес во Каталонија, автономна покраина со население од 7,5 милиони, на повик на синдикатите за поддршка на независноста.Илјадници демонстранти дојдоа во Барселона од другите градови, а владата на Каталонците и партиите за независност повикаа на мирни протести.

Barcelona hit by general strike in support of jailed Catalan leaders

Publiée par RT sur Vendredi 18 octobre 2019

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот