Повторно експлозија во Бејрут: Четири лица починаа, а повеќе од 50 се повредени (ФОТО+ВИДЕО)

Фото: Bilal Jawich / Xinhua News / Profimedia

Четири лица починаа, а повеќе од 50 се повредени во експлозија на резервоар со дизел гориво во зграда во Бејрут, соопшти либанскиот Црвен крст.

Експлозијата се случила во густо населената населба Тарик Џадид, пренесува „РИА Новости“ повикувајќи се на либанскиот ТВ канал Ал-Џадид.

Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата, јавува Ројтерс и пренесува дека либанската државна медиумска агенција ги известиле дека на експлозијата и претходело пожар кој започнал во пекара во подрумот на зградата.

Пожарникарите брзо го изгаснале пожарот после експлозијата и им помогнале на останатите станари безбедно да се евакуираат, а во акцијата учествувала и либанската војска, додава Ројтерс.

Според сведочењата на жителите кои живеат близу до местото на настанот, сопственикот на складиштето таму чувал дизел гориво за електричен генератор.

Други извори појаснуваат дека имало буриња бензин и резервоари за мазут. Експертите ги проверуваат овие информации.

Во претходната експлозија на 4 август на пристаништето во Бејрут починаа 190 луѓе, а повредени беа повеќе од 6.000.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот