Повторно активен тенисот, без публика, играчите сами трчаат по топките, пешкирите..(ВИДЕО)

фото: принтскрин/твитер

На теренот покрај тенисерите, се наоѓа уште само главниот судија, играчите самите одат по топките, пешкирите..

Тенисот во овој период се менува поради поради пандемијата на коронавирус, и натаму нема официјални одлуки кога евентуално би продолжила сезоната во овој спорт.

Во САД се одржува еден турнир (од само четири играчи, Миомир Кецмановиќ, Рајли Опелка, Томи Пол и Хурберт Хуркач).

Турнир според експериментални правила и во посебни услови, со освојување на сетови до четири добиени гемови. Без присуство на публика, без собирачи на топки, со почитување на сите заштитни мерки.

На теренот покрај тенисерите, се наоѓа уште само главниот судија, играчите самите одат по топките, пешкирите..

Нема прегрнувања и ракувања, поздравување со своите рекети, а еден од коментаторите рече дека тенисот барем од нешто започна…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот