ВИДЕО: Повторени парламентарни избори во Киргистан на 20 декември

Повторените парламентарни избори во Киргистан ќе се одржат на 20 декември, објави Централната изборна комисија.

– Членовите на Централната изборна комисија денеска одлучија повторените избори за парламентот на Киргистан ќе се одржат на 20 декември, рече портпаролот на Комисијата.

Тој додаде дека подготовките за одржување нови избори почнуваат денеска.

Киргистанскиот претседател Соронбај Женбеков минатата недела поднесе оставка, по немирите што ја тресат земјата од 4 октомври.

Женбеков претходно го назначи Садир Жапаров, политичар кој побара негова оставка, за нов премиер во обид да се стави крај на политичката криза што ја зафати земјата.

Немирите во Киргистан избувнаа по објавувањето на резултатите од парламентарните избори одржани на 4 октомври, кога илјадници незадоволни луѓе се собраа во центарот на Бишкек и упаднаа во зградата на Владата и Парламентот и се судрија со полицијата.

Општ хаос по оспорените резултати од изборите во Киргистан: Кога бандитството царува, дружиниките го чуваат редот

Претседателот на Киргистан е обвинет за учество во местење на резултатите од парламентарните избори и за купување гласови, како и за заплашување на гласачи.

Централната изборна комисија ги поништи изборните резултати по насилните демонстрации, а два дена подоцна, Женбеков прогласи вонредна состојба во главниот град и ѝ нареди на армијата да воведе ред.

(Извор: МИА)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот