Повредите не и можат ништо на Норвешка, падна и Исланд

twitter/Håndballforbundet

Светскиот вицешампион ја оствари шестата победа во шестиот натпревар на Европското првенство.

Селекцијата на Норвешка продолжува со фантастичните игри на Европското првенство и иако вчера остана без Магнус Ред, а исто така не игра ниту капитенот и најдобар играч, Мирхол.

Последна жртва на Норвежаните беше незгодната селекција на Исланд која е совладана со 31:28 иако разликата можеше да биде далеку поголема доколку ракометарите на светскиот шампион продолжеа во ритамот од првото полувреме.

Норвежаните фуриозно го започнаа натпреварот и го оставија противникот цели осум минути без постигнат гол, додека тие постигнаа седум и уште тогаш ги решија сите дилеми околу победникот.

На полувремето предноста остана седум гола разлика (19:12) за во вториот дел, светскиот вицешампион да го намали темпото, што го искористија ракометарите на Исланд да се изборат за чесен пораз од 31:28.

Најдобар на теренот беше девет постигнати голови, О’Саливен постигна шест голаза Норвешка, додека кај Исланд најефикасни беа Гудмундсон со пет и Гунарсон со четири гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот