Повредите ја сардисаа Србија пред Мундобаскет

Репрезентацијата на Србија која е еден од неколкуте фаворити за триумф  на Светското првенство во кошарка кое од 31 август до 15 септември ќе се игра во Кина, ја победи Турција но се чини дека загуби уште еден кошаркар. Србија со 87:72 ја совлада Турција на Акрополис Купот, но селекторот Александар Ѓорѓевиќ нема многу причини за славење бидејќи се повреди Драган Милосављевиќ. Тој во борба за топката незгодно доскокна и веднаш се пожали на болки на левото колено. Се уште нема информации за степенот на повредата, но доколку Милосављевиќ е тешко повреден, тоа ќе биде втор кошаркар кој за една недела, по Милош Теодосиќ, кој нема да биде дел од репрезентацијата на Мундобаскетот во Кина.
– Тешко е да се зборува за кошарка по овој натпревар. Сите мисли ни се насочени кон Милосављевиќ со надеж дека повредата не е сериозна – изјави селекторот Ѓорѓевиќ по натпреварот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот