Повредено дете и оштетен автомобил од паднато дрво во Центар

Фото: 360 степени

Вчера вечерта во скопската населба Дебар Маало што се наоѓа во општината Центар падна дрво при што повреди дете и оштети паркиран автомобил.

Како што јави 360 степени, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, изјавил дека детето кое се наоѓало во близина на автомобилот врз кој падна дрвото, има само гребаници и не е сериозно повредено

Инцидентот се случил во близина на влезот на основното училиште „Коле Неделковски“.

Богдановиќ вели дека дрвото паднало поради исушените корени, исто како дрвото кое пред неколку дена падна на улицата „Орце Николов“ во Центар.

„Дрвото паднало само од себе. Било со зелени гранки, но со исушени корени, практично, без корени. Паднало и оштетило едно возило. Дојде полиција и направи записник. Ќе треба да се плати отштета за автомобилот. Детенцето било малку изгребано, тоа било во близина на автомобилот“, вели Богдановиќ за 360 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот