Повредено 21-годишно момче во директен судар на автомобил и мотор во Велес

Попладнево на улица „Димитар Влахов” во Велес во сообраќајка е повредено 21-годишно момче во директен судар на автомобил и мотор, потврди за МИА портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Поради сериозноста на повредите, со возило на Итната помош повредениот бил транспортиран во Хирушкото одделение во Општа болница во Велес.

Пред еден час на патот Каратманово-Лозово, се случила уште една сообраќајка од која во моментов екипа на Брза помош од Велес и пожарникари од ТППЕ Велес извлекуваат возило паднато во дол. Според првичните информации, во несреќата нема жртви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот